26.8 C
Скопје
28. септември 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СветТОП ВЕСТИ

Најмалку осум загинати, седуммина повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери

Најмалку осум лица загинаа, а седум се повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери во Индија, соопшти полицијата.

Пожарот избувнал вчера во подрум на изложбен хотел во јужниот индиски град Секундерабад.

Прелиминарната истрага покажала дека причина за пожарот е неисправна батерија.

Бројните пожари на електрични скутери годинава во Индија го привлекоа вниманието на властите, кои ја промовираат нивната употреба бидејќи не ја загадуваат животната средина.

Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење за несреќата и вети компензација на семејствата на жртвите.

Можеби ќе ве интересира

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Пожар во караоке бар во Виетнам, најмалку 12 лица загинаа

M T

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

M T

Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

M T

Пожар во Мармарис во близина на хотели и згради

M T