3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

Повеќе од 1.200 пожарникари учествуваат во гаснењето на големиот шумски пожар во португалскиот природен парк „Сера да Естрела“, кој се разгоре само неколку дена откако беше ставен под контрола.

Силните ветрови ги попречуваат напорите на пожарникарите да го локализираат еден од 192-те пожари кои опустошија околу 92.000 хектари земја низ Португалија оваа година поради рекордно високите температури.

Пожарот повторно беснее во природниот парк, кој е под заштита на УНЕСКО, а веќе зафатил површина од околу 25.000 хектари.

Шефот на службата за цивилна заштита, Андре Фернандеш изјави дека ситуацијата е голем предизвик, иако „90 отсто од периметарот на пожарот сега е под контрола“.

Португалија го мина најтоплиот јули во последните 100 години, а шумските пожари се најголеми од 2017 година, кога загинаа околу 100 луѓе, пренесуваат светските агенции.

Можеби ќе ве интересира

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Најмалку осум загинати, седуммина повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери

M T

Пожар во караоке бар во Виетнам, најмалку 12 лица загинаа

M T

Шумски пожар зафати патнички воз во Шпанија, патниците скокале од вагонот, повеќе од 20 луѓе се повредени

M T

Пожар во Мармарис во близина на хотели и згради

M T