8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Зеленски: НАТО не е подготвен да ја прифати Украина, сами ја браниме нашата земја

Претседателот на Украина Владимир Зеленски изјави дека лидерите на европските земји не се подготвени да соопштуваат детали кога станува збор за пристапот на Украина во НАТО, додавајќи дека Киев не се плаши да зборува за неутрален статус на Украина.

„Оставени сме сами во одбраната на нашата земја. Кој е подготвен да и даде гаранција на Украина за влез во НАТО? Искрено, сите се плашат“, рече Зеленски во синоќешната видео порака.

„Им порачувам на сите партнери на нашата земја – сега е важен момент, се решава судбината на нашата земја. Ги прашувам дали се со нас? Тие одговараат дека се со нас, но не се подготвени да не прифатат во алијансата“, рече Зеленски.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера наутро најави почеток на специјална воена операција во Украина.

Кремљ објави дека во Украина не се води војна, туку специјална операција, чија цел е денацификација на земјата и демилитаризација, во интерес на безбедноста на Русија.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T