11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

Одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за мерките на Киев, како одговор на обидот на Русија да анектира делови од својата територија, стапи во сила денеска, се наведува во декретот потпишан од украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина донесе одлука за неможност да се преговара со рускиот претседател Владимир Путин, се наведува во указот потпишан од Зеленски.

– Констатирана е неможноста да се преговара со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин – се наведува во документот.

Одлуката на Советот ги прецизира начините за спротивставување на обидите на Москва за анексија на украински територии, како и неопходните мерки за обезбедување на колективната безбедност на евроатлантската област и Украина и за враќање на нејзиниот територијален интегритет.

Соодветниот указ на Зеленски со кој се одобрува одлуката на Советот од 30 септември денеска е објавена на веб-страницата на претседателот.

– Уредбата стапува во сила со денот на објавувањето – се вели во текстот на документот.

Украина поднесе барање за забрзана процедура за членство во НАТО, откако беше објавено дека Русија ја покренала процедурата за приклучување на четири украински региони, откако во нив организираше референдум, што Киев и голем број земји го отфрлија како кршење на меѓународното право.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Орбан: Потребни се преговори меѓу Русија и САД за мир во Украина, надежта е Доналд Трамп

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T