11.8 C
Скопје
24. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Вонредни најави за времето, следува пресврт – Детална прогноза

Утре и во понеделник времето ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.

Прогноза за 06.05.2024
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.

Прогноза за 07.05.2024
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

Прогноза за 08.05.2024
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме.