13.8 C
Скопје
15. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Бочварски и Филипче го покажаа патот Градско – Плетвар, експресен асфалт и пејсажи, во септември достапен за возење

Носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата д-р Венко Филипче и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, а видеото од нивното возење е објавено на нивните ФБ страни.

„Експресен пат Градско –Дреново. Ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот автопат на коридор 10, ова е коридор 10Д. Сеуште е во градба, меѓутоа, асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт,“ вели Бочварски.

Понатаму, во однос на тоа колку проценти од вкупниот пат е завршен досега од двете делници, Бочварски вели дека на првата делница се завршени 91%, а на втора делница над 80%.

„До крај на оваа година ќе се комплетира целиот. Но овој може да се пушти и порано, до септември првата делница,“ вели Бочварски.
Филипче потенцира дека на истокот е направена револуција со патиштата.

Бочварски потврдува и вели дека на тој начин и цела економија се раздвижува. И посочува дека, и експресните патишта на истокот кои што се направени, таму од 19 век немало нов пат направено.

„И за Кочани и за Радовиш веќе го даваат резултатот. Имаме многу нови отворени фабрики и работни места,“ вели Бочварски.

Филипче коментира дека се работи за навистина убав предел со прекрасни пејсажи.