11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

На украинските пратеници им e забрането да ја напуштат земјата

Вадим Рабинович, пратеник на украинската Рада од партијата „Опозициска платформа – за живот“, изјави дека на украинските парламентарци им е забрането да ја напуштат земјата, пренесуваат медиумите во светот.

„На членовите на Врховната Рада им е забрането да ја напуштат Украина“, напиша Рабинович на Фејсбук.

Претходно, Александар Качура, пратеник на партијата „Слуга на народот“ на претседателот Владимир Зеленски, изјави дека на членовите на неговата партија во Радата им било препорачано да не ја напуштаат земјата.

Поради Украина, односите меѓу Русија и Западот се најзатегнати од Студената војна, анализираат медиумите.

Западот тврди дека Русија може да ја нападне Украина во секое време, додека Москва ги отфрла тие обвинувања и нагласува дека ги брани сопствените безбедносни интереси бидејќи НАТО се приближил до нејзините граници.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T