13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од критичното, население над 65 години, се вакцинирале над 40 отсто

Како што информираше Министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 236.878 граѓани, додека досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 433.787 граѓани.

Вакцинацијата на сите пунктови низ државата, според здравствените власти, се одвива непречено, а интересот секојдневно се зголемува. Активноста, како што тврдат нема да запре со оглед на најавите дека ќе пристигнат нови количини вакцини, а има доволно вакцини и за втора доза.

– Во државата вкупно се аплицирани 331.034 дози вакцини, а ревакцинирани се 94.156 граѓани. Со последните бројки 47 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопшти вчера Министерството за здравство.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера истакна дека официјалните препораки на сите производители е да не се мешаат вакцините како за првата доза истиот производител треба да биде и за втората доза.

Филипче нагласи дека имунизацијата нема да запре, посочувајќи дека завчера пристигнаа 11 700 вакцини од „Фајзер” кои се дистрибуираат, а во текот на неделава очекуваат и други вакцини од Бугарија и Грција. Месецов треба да пристигнат околу 110 илјади Фајзер вакцини преку Ковакс системот и околу 80 илјади преку нашиот директен договор.

Во телевизиско гостување Филипче кажа дека она што се очекува, според последните најави, е од вакцината „Синовак” која што вчера ја одобри Светската здравствена организација, во нашата земја да стигнат 500 илјади дози.

Се потврди дека сите вакцини се безбедни

На прашањето дали стравува од можноста населението да не сака да се вакцинира со оваа вакцина поради фактот што последна беше признаена од СЗО, истакна дека граѓаните треба да имаат доверба.

– Исто како што сите вакцини ги аплициравме до сега, треба целта да се постигне, колективен имунитет врз основа на ефикасноста на секоја вакцина поединечно, да се измери ефективноста на целокупниот процес, е нешто што ќе ја смени сликата за епидемијата. Така што, апсолутно граѓаните треба да бидат спокојни, сите вакцини се безбедни и се доволно ефикасни, порача Филипче.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски” во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и апелираат граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Нема заразени ниту починати меѓу оние кои примиле две дози вакцина во земјава

Според извештајот на Институтот за јавно здравје регистрирани се инфицирани со коронавирус, но и смртни случаи во периодот додека да им биде аплицирана втората доза. Досега 664 лица по првото боцкање имале позитивен ПЦР тест, но најверојатно биле заразени во моментот кога дошле на ред за имунизација, се наведува во анализата на ИЈЗ. Од нив 22-ца граѓани починале, но не од вакцината туку од компликации од вирусот, тврдат од министерството за здравство.

Нема смртни случаи како последица на примена вакцина во нашата земја. Според податоците лицата кои биле потврдени како ковид позитивни по примена вакцина, и починале за истите е констатирано дека биле во период на инкубација на вирусот кога ја примиле вакцината. Тие настани се имаат случено во рок од 14 дена, односно во период во кој вакцината не обезбедува заштита. Тие кога дошле на вакцинација немале симптоми, но го носеле вирусот во себе, велат од министертвото и додаваат дека сите вакцини кои се користат во нашата држава се ефикасни и безбедни, одобрени од СЗО.

Освен спорадични случаи на покачена температура, малаксаност и болка во рамото, досега не се пријавени посериозни компликации од вакцините информираат од министерството за здравство.

Гoлем интерес за вакцинација низ Светот

Во десет држави од светот повеќе од 50 проценти од вкупното население е вакцинирано со најмалку една доза од вакцината против коронавирусот SARS-CoV-2 и поради тоа се блиску до колективен имунитет.
Во Бутан од 763.000 жители, вакцинирани се 63%, Малта – од половина милион жители вакцинирани се 62%. Поради тоа власта прогласи дека во оваа земја е успешно развиен колективен имунитет.

Израел од 9 милиони жители вакцинирани се 60%, Малдиви – од 530.000 жители вакцинирани се 58 %, Во Велика Британија – од 66,6 милиони жители вакцинирани се 58%. Во Монголија – од 3,2 милиони жители вакцинирани се 57%, Бахрејн – од 1,6 милиони жители вакцинирани се 55%, Канада – од 37,6 милиони вакцинирани се 55%. Во Чиле – од 18,9 милиони вакцинирани се 54%, Унгарија – од 9,7 милиони луѓе вакцинирани се 52 проценти. Сè поблиску до имунитет се и САД со имунизација од 50,3%.

Според пишувањето на Forbes, тоа е многу повеќе во однос на другите развиени држави меѓу кои се и Германија каде се вакцинирани 43%, Франција каде се вакцинирани 36%, Австралија каде се вакцинирани 14%, Јужна Кореја каде се вакцинирани 9,1% од жителите, како и Јапонија каде се вакцинирани само 6,4 отсто од населението.

Се претпоставува дека колективен имунитет на коронавирусот ќе постои тогаш кога ќе ќе се постигне имунизација од минимум 60 отсто од жителите на една земја, додека некои научници сметаат дека за тоа треба имунизација од 90 проценти од населението.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Гир: Ако не сте вакцинирани – вакцинирајте се, јас сега одам да ја примам четвртата доза

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T