12.8 C
Скопје
16. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Бојмацалиев на традиционалните 73. по ред Првомајски игри во Стојаково

ФБ Статус на Митко Бојмацалиев, дополнителен министер за внатрешни работи:

По повод Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, заедно со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, со задоволство присуствував на традиционалните 73. по ред Првомајски игри во Стојаково, во организација на Советот на месната заедница од Стојаково, под покровителство на Општина Богданци.

Прекрасно е чувството да се види жива традицијата на Македонците од јужниот крај, во натпревари кои опстојале седум децении и кои привлекуваат голем број домашни и странски гости, проследено со богата културно-уметничка програма. Игрите се вистински заштитен белег на жителите од ова населено место и со право Стојаково е „центарот” на Македонија за 1 Мај.

Станува збор за неколку дисциплини – трки на 100, 1500, 3000 метри за јуниори и сениори во машка и женска конкуренција, трка со велосипеди, борба на рака и влечење со јаже, а едни од најинтересните, секако, се трките со коњи и магариња, работничката трка со колички и трката со вреќи.

Традицијата во Стојаково е убав пример за тоа како се негува културата на македонскиот народ и како се јакне македонскиот идентитет.