16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче најави: Заострување на мерките – одлука утре

Предлагаме заострување на рестриктивните мерки, ова не е неочекувано, истакна денеска министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во Дневникот на Сител.

Тој уште посочи дека училиштата засега нема да се затвораат бидејќи таму бројките на новозаразени не се големи.

– На утрешниот состанок ќе дискутираме за тоа дали се потребни дополнителни рестрикции од коишто се сега во сила. Тоа би вклучувало рестрикција во јавниот превоз, ограничување на работата на угостителските објекти и одредени економски субјекти, компании. Дел од мерките може да се таргетирани во некои општини, некои може да важат на територијата на целата држава, рече Филипче.

Прашан за евентуално воведување на нов полициски час Филипче рече дека се уште е рано и тоа може да се дискутира утре.

– Еден од најдобрите параметри кои што ги следиме е капацитетот во болниците. Иако има слободни места, капацитетите забрзано се исполнуваат. Само во текот на вчерашниот ден имаше огромен број на приеми, рече Филипче.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T