8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пакистан: Смртна казна за подметнување пожар во кој загинаа 280 лица

Најсмртоносниот индустриски пожар во историјата на Пакистан, во кој загинаа повеќе од 280 работници во текстилна фабрика во септември 2012 година, не беше несреќен случај, соопшти пакистанскиот суд, осудувајќи на смрт двајца поранешни политички активисти за подметнување пожар.

Судот за борба против тероризмот утврди дека двајцата мажи го подметнале пожарот, бидејќи сопствениците не се согласиле да им плаќаат рекет на уценувачите.

Пожарот во фабриката за текстил „Али Ентерпрајз“, во четирикатна зграда во Карачи, предизвика огромен скандал во пакистанската јавност, бидејќи се појавија сведоштва од преживеани за заклучените врати на фабриката и несоодветните противпожарни мерки.

Меѓу осумте обвинети во случајот, четворица беа прогласени за виновни, додека четворица беа ослободени, меѓу кои и тогашниот регионален министер за индустрија Рауф Садики.

Тој е член на движењето Мутахида Кауми (MQM), партија која со години е поврзувана со насилно политичко ривалство во Карачи, и сега е партнер во коалициската влада на премиерот Имран Кан.

Двајцата мажи одговорни за подметнување пожар се осудени на смрт – Реман Бола и Зубаир Чарија – биле активисти на MQM.

За време на осумгодишното судење, беа испитани 400 сведоци и беа одржани 171 рочиште.

MQM, во меѓувреме, се подели на неколку фракции, а денешното раководство негира каква било поврзаност со пожарот во 2012 година.

Можеби ќе ве интересира

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Најмалку осум загинати, седуммина повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери

M T

Пожар во караоке бар во Виетнам, најмалку 12 лица загинаа

M T

Повеќе од една третина од територијата на Пакистан е под вода

M T

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

M T