21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поплавите во Пакистан однесоа 1.138 животи

Уште 75 лица загинаа како последица на поплавите во Пакистан во изминатите 24 часа, со што бројот на загинати се искачи на 1.138 од почетокот на обилните монсунски дождови во таа земја, соопштија денеска пакистанските власти.

Најголем дел од смртните случаи се забележани во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва и јужната провинција Синд, кои беа најтешко погодени од поплавите.

Повеќе од 1.634 лица се повредени во несреќи предизвикани од дожд и поплави, соопштија властите, додавајќи дека загинале и повеќе од 719.000 домашни животни.

Повеќе од 3.451 километар патишта, 149 мостови, 170 продавници и 949.858 куќи беа оштетени и низ Пакистан, кој е погоден од врнежи од средината на јуни.

Спасувачките служби поддржани од армиски трупи се распоредени во Сајбер Пахтунхва за да спасат стотици заглавени луѓе бидејќи јужната провинција Синд стравува од ново можно излевање на реката Инд во следните неколку дена.

Воени хеликоптери спасија уште 33 туристи заробени во планините Кумрат.

Првичната економска штета од поплавите во Пакистан може да биде најмалку 10 милијарди долари, изјави министерот за планирање Ахсан Икбал.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поплави во Италија: Најмалку седум загинати, исчезна мало дете кое мајката не успеала да го задржи во раце

M T

Повеќе од една третина од територијата на Пакистан е под вода

M T

Австралиските власти со предупредување до граѓаните – Да се подготват за нови поплави

M T

Големото невреме кое ја зафати Европа однесе најмалку 13 животи

M T

Поплави во западна Кина – 16 загинати, повеќе од 30 исчезнати

M T

Најмалку 15 лица загинаа во поплавите во Кентаки

M T