Доктор Саше Олумчев од ЦЈЗ Гевгелија, за неделникот Фокус, по повод смртта на пејачот Васил Ангов информираше дека музичарот имал хронична асма, а состојбата преку ноќ му се влошила.
-Се уште ги немаме официјално сите детали околу настанот, но ситуацијата е доста сериозна. Покрај Васил, уште две лица од Гевгелија синоќа ја изгубија битката со корона вирусот, и сите се отприлика на негова возраст. Лошо е, мора да се почитуваат мерките за заштита максимално. Поради некои кои грубо ги кршат мерките и не веруваат во вирусот, еве се случува луѓе кои се чувале, да заминат преку ноќ, рекол Олумчев за Фокус.
Васил Ангов почина синоќа по компликации од коронавирус, неофицијално вчера починале уште двајца гевгеличани од опасниот вирус.
Спонзорирано: