6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Во Украина загина 29-годишен хуманитарец од Загреб

Во Украина загина 29-годишниот Андро Фабијаниќ од Загреб, кој активно им помагаше на украинските семејства и ветерани.

Фабијаниќ, познат на локалните спортисти како личен тренер за фитнес, загина овој вторник во експлозија на противтенковска мина при доставување помош. Возилото во кое загинал загрепчанецот превезувал санитарен материјал за украинските борци.

Возилото во кое се движел Фабијаниќ налетало на мина, а притоа се ранети повеќемина од украинските колеги на младиот човек. Фабијаниќ купил билет за Хрватска и требало да се врати вчера.

Фабијаниќ работел за здружението „За херои“ од Днепропетровск, кое доставувало медицинска помош на ветераните. Фабијаниќ помогнал и во евакуацијата на семејствата од Украина во Европа.

Дел од нив успешно ги префрлил во Хрватска. Тој постојано го одложувал планираното патување во Загреб, а се повеќе бил ангажиран во хуманитарна работа и помагање на Украинците во неволја.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T