Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Не треба да се врши притисок врз Србија

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека Србија не треба да биде под натамошен притисок во врска со санкциите против Русија.

Во исто време, тој изрази загриженост за зголеменото влијание на Москва на Западен Балкан.

„Не треба да има понатамошен притисок врз Србија, во однос на санкциите против Русија, бидејќи таа земја не може да опстане без поддршка од Москва. Покрај тоа, не смее да се заборави дека Белград веќе три пати гласаше во ОН против Русија, што е големо изненадување. Тоа покажува дека постои силна волја за интеграција во ЕУ“, изјави Рама.

Тој нагласи дека мора да се направи се за да се оддалечат потенцијалните закани од Балканот. Ова, објаснува тој, се однесува пред сè за Србија, Црна Гора, Северна Македонија и Република Српска каде, како што рече, Кремљ има „силно влијание“. За пристапните преговори на Албанија со ЕУ, оцени дека тоа нема да биде лесен пат.

Тој ја карактеризира Австрија, поради историските врски, како идеален градител на мостови за Западен Балкан.

Зборувајќи за формирањето на базата на НАТО во Драч, тој објасни дека тоа е поврзано со изградба на модерно и комерцијално пристаниште надвор од градот.

„Ние тесно соработуваме со НАТО за да ја воспоставиме таа база. Таа база на влезот во Јадранот е важна за Албанија, а важна е и за безбедноста на целиот регион. Засега сè уште сме на почетокот на проектот“, рече Рама.

Можеби ќе ве интересира

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

Каков е вашиот НИЗОК притисок? Ако ја надминете ОВАА ВРЕДНОСТ, ризикувате да добиете срцев удар

M T

Дали сте под долгорочен притисок: Ова се симптомите на адреналински замор

M T

Ковачевски: Треба целосно да ги подигнеме рампите со Србија и Албанија, ние сме единствен регион во светот со граници

M T

Блинкен ја повика Србија да дозволи одржување на „Европрајд“

M T

Ако страдате од висок крвен притисок, отфрлете ги 4-те НАЈЛОШИ УТРИНСКИ НАВИКИ кои ги имаме скоро сите

M T