17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
UncategorizedМАКЕДОНИЈА

Ковачевски: Резултатот е разочарувачки, повикувам на нови внатрешни избори во СДСМ

Претседателот на СДСМ и доскорешен премиер Димитар Ковачевски вечерва не си даде оставка по тешкиот пораз на парламентарните избори денеска, но најави длабоки кадровски промени во партијата и избор на нов претседател. Според резултатите од Државната изборна комисија (ДИК) од 85,66% преброени гласови, СДСМ освои 127.607 гласови или 14,91%, а ВМРО-ДПМНЕ 367.452 гласови или 42,92%, а ДУИ 121.880 гласови или 14,24%.

„Ми беше чест што ги предводев СДСМ и Владата овие 2 години”, кажа тој, но не поднесе оставка на лидерското место.

Ковачевски кажа дека овие двојни избори се фер и демократски, што е заслуга на слободните медиуми. Упати честитки до ВМРО-ДПМНЕ и до Гордана Силјановска, секако и на Стево Пендаровски.

„Резултатот е разочарувачки. Ова е тежок удар за партијата. Ќе ги анализираме причините за овој исход. Не избрзувам со заклучоци. Сите имаме одговорност. СДСМ ќе треба добро да погледне внатре кои се слабостите во последните 4, ако не и 7 години. Повикувам на внатрепартиски избори, почнувајќи од претседателот, па и на сите тела и органи на партијата. Ќе биде свикан конгрес на СДСМ. Партијата мора да се консолидира. Ќе има длабока кадровска промена и промена на организациската поставеност внатре. СДСМ ќе мора да се врати на победничката патека”, кажа Ковачевски.

„Граѓаните имаат страв од прекумерната моќ на партијата која е позната по злоупотребата на политичката моќ”, рече Ковачевски.

Вистината е дека актуелниот систем во кој живееме е Пиарот, а не суштината. Корупцијата, личните интереси, бизнис интересите, долгиот европски пат, нискиот економски раст, се сериозни проблеми на оваа држава, смета тој.