10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Ако страдате од висок крвен притисок, отфрлете ги 4-те НАЈЛОШИ УТРИНСКИ НАВИКИ кои ги имаме скоро сите

Високиот крвен притисок најчесто е предизвикан од генетика, болести, лоша исхрана или седентарен начин на живот и би било паметно да се држи под контрола.

Правилната исхрана многу ќе ви олесни, а доколку ги отстраните овие четири утрински навики ќе го доведете „во ред“ и крвниот притисок.

Сол

Некои од нашите омилени намирници за појадок може да бидат полни со сол без да го сфатиме тоа, а нутриционистите постојано предупредуваат дека зголемениот внес на сол во организмот може да го зголеми и крвниот притисок.

Ејми Гудсон, нутриционист, наведува дека некои сендвичи ќе содржат многу сол, што со текот на времето ќе го зголеми крвниот притисок. Таа советува дека ако мора да јадете нешто што содржи сол, секогаш комбинирајте го со поздрава храна, како овошје или овесна каша.

Прескокнување на овошје и зеленчук

Една навика за која многумина не знаат дека е штетна е избегнување на овошје и зеленчук наутро. Според Клиниката во Кливленд, на возрасните им се советува да се обидат да го намалат крвниот притисок со јадење пет до девет порции овошје и зеленчук секој ден. Ако не започнете наутро, постигнувањето на целта може да биде малку потешко.

Практикување ригорозни диети

Многумина ќе претпостават дека доколку се придржуваат до строга диета можат да ослабат неколку килограми и на тој начин да спречат проблеми со висок крвен притисок, но некои експерти велат дека е потребна голема претпазливост кога станува збор за рестриктивните диети.

Барањето начини за брзо слабеење може да биде многу штетно за крвниот притисок. Истражувањата покажуваат дека бавното и паметно губење на тежината е поврзано со значително подобрување на крвниот притисок, според нутриционистката Рејчел Финре.

Шеќер

Нутриционистката Дејна Ханс вели дека шеќерот и преработената храна се намирници кои поттикнуваат воспаление, а воспалителниот процес секако ќе влијае на високиот крвен притисок.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Од мали промени во животните навики до зелена трансформација во општеството – „Еко – свест“ и мрежата CEE Bankwatch со студии за поголема свесност околу зачувување на животната средина

M T

Рама: Не треба да се врши притисок врз Србија

M T

Каков е вашиот НИЗОК притисок? Ако ја надминете ОВАА ВРЕДНОСТ, ризикувате да добиете срцев удар

M T

Дали сте под долгорочен притисок: Ова се симптомите на адреналински замор

M T

Изненадувачко откритие: Ако сте склони кон овие навики, вие сте изложени на најголем ризик за заболувањето на замастен црн дроб

M T

Ја јадете секој ден – Овој вид храна го намалува притисокот за миг

M T