8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

Германија се подготвува за тешка криза, Шолц воведува мерки: „Не чекаат тешки години“

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги подготвува граѓаните на Германија за натамошни поскапувања. Сегашната криза нема да заврши за неколку месеци“, изјави социјалдемократскиот политичар (СПД) на почетокот на таканаречената „заедничка акција“ со највисоките претставници на работодавачите и синдикатите во кабинетот на канцеларката.

„ Војната во Украина и нарушените синџири на снабдување поради пандемијата на коронавирус создадоа општа неизвесност. Мора да се подготвиме за фактот дека оваа ситуација нема да се промени во догледна иднина. Германија се соочува со „историски предизвик“ порача Шолц.

Целта на овој прв од серијата состаноци е да се најдат инструменти за потиснување на растот на цените. Резултатите ќе бидат познати дури наесен.

„ Како држава добро ќе ја поминеме оваа криза само ако се здружиме, ако најдеме решенија заедно, рака под рака. Општеството е многу посилно отколку што понекогаш се претпоставува. Пораката што ми е важна е дека мора да се држиме заедно“, рече канцеларот.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ИСПОЛНУВА СОНОТ НА СЕКОЈ ИСЕЛЕНИК ОД БАЛКАНОТ: Германија планира да го олесни процесот за добивање државјанство

CENTAR MKD

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

M T

Мерц: Социјален туризам на Украинците во Германија

M T

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T