Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаБизнисВо тренд...

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

Премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашање поврзано со светската енергетска криза, истакна дека Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите производствени капацитети.

„Веќе се работи на оспособување на блок три во РЕК Битола, потоа во функција е ставен ТЕЦ Осломеј кој долги години не работеше и ставен е во функција ТЕЦ Неготино. Поточно, утрово е ставен првиот котел во функција во ТЕЦ Неготино и тој веќе произведува електрична енергија со моќност од 60 мегавати до крајот на денот треба да биде и до 80 мегавати, а веќе тимови на експерти во кои се вклучени и универзитетски професори работат на пуштање на вториот котел на ТЕЦ Неготино“, истакна премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски дополни дека на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк 90% од разговорите на светските лидери и на генералната дебата и дебатите кои беа на другите конференции во рамките на Самитот на ОН и на билатералните средби, клучни дискусии беа во однос на снабдувањето со енергија и во однос на снабдувањето со храна.

„Ние водиме разговори со Србија, со Бугарија исто така, но таму е малку посложена ситуацијата бидејќи Бугарија во моментов нема парламент, а нивното законодавство е прилично лимитирано во однос на продавање на вишоци на електрична енергија со директни договори. Разговараме со Турција и сметам дека сме на добар пат да обезбедиме базна енергија, а со Србија го очекуваме одговорот бидејќи таму се работи за гас којшто потоа би бил користен во когенеративната централа. Се работи секојдневно, постојано. Нашиот Вицепремиер за економски прашања е во Брисел, со оглед на тоа што имаме отпочнато процес на преговори и детален скрининг меѓутоа и тие состаноци таму се користат за адресирање на прашања во однос на енергетиката“, рече Ковачевски.

За финансирањето на сето ова, Ковачевски рече дека веќе е обезбедена финансиска конструкција со билатерални кредитори, а во скоро време очекува да завршат и преговорите со Меѓународниот монетарен фонд – ММФ, но оти се разговара и со некои финансиски побогати држави од Блискиот Исток.

Премиерот Ковачевски апелираше дека во услови на светска енергетска криза, нема политика и собирање на дневно политички поени, тоа се потврди и во минатото.

„Апелирам до пратениците на опозицијата што побрзо и без никакви уцени и под маса преговори кои што дел од нивното раководство сакаат да ги прават да се одобри кредитот од ЕБОР за ликвидни финансиски средства за ЕСМ со којшто треба да се набави електрична енергија за регулираниот пазар“, додаде Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Ужас: Приведени мажи за силување на девојче помало од 14 години во Струга

Двајца повозрасни мажи и еден малолетник се приведени во Струга под сомнеж за полов напад врз малолетничка помала од 14 години. СВР Охрид соопшти дека за делото се осомничени жители… Прочитај повеќе

Пари, среќа, нови можности: Три хороскопски знаци ќе доживеат голем успех во април

Откријте според хороскопот кого ќе го „грее сонце“ во април, кои три знаци ќе имаат најмногу среќа на полето на љубовта, работата и финансиите! Според астрологијата и во однос на… Прочитај повеќе

Груби: Знам дека има пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои би ги поддржале уставните измени

Членот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција, Артан Груби пред почетокот на седницата на Централното претседателство на партијата во Мала Речица истакна дека „знае дека има пратеници на… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Следува предвремена исплата на пензиите – ова се датумите кога ќе биде исплатена пензијата

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за исплата на пензии за месец март 2023 година. Задолжен… Прочитај повеќе

Замрзнати цените на јајцата и оризот

Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе

Можеби ќе ве интересира

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

M T

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

M T

СДСМ: Во пресрет на зимата Владата обезбеди храна и електрична енергија за подобри услови

M T

СДСМ: Мерки против глобалната криза, државата плаќа над 80% од сметките за струја на домаќинствата

M T

СДСМ: Во услови на криза обезбедуваме стабилна економија и помош за граѓаните

M T