5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега

Европа оваа година ја доживеа најлошата криза со птичји грип досега, со околу 50 милиони мртви живина, а опстојувањето на вирусот во текот на летото го зголеми ризикот од широко распространети инфекции следната сезона, соопшти Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА).

Ширењето на високопатогената птичји грип HPAI ги загрижува земјите и живинарската индустрија поради потенцијалната смрт на стадата, можните трговски ограничувања и ризикот од пренесување на вирусот на луѓето.

Според заедничкиот преглед на ЕФСА, Европскиот центар за превенција и контрола на болести и референтната лабораторија на ЕУ, летово беа пријавени невиден број на епидемии кај диви и домашни птици, што предизвика масовна смртност меѓу колониите за размножување на морските птици на брегот на северниот дел на Атлантикот.

Птичјиот грип обично напаѓа во текот на есенските и зимските месеци и се пренесува преку изметот на заразените диви птици преселници или преку директен контакт со контаминирана храна, облека и опрема.

„Како што започнува есенската миграција и се зголемува бројот на диви птици кои презимуваат во Европа, тие веројатно ќе бидат изложени на поголем ризик од инфекција со HPAI отколку во претходните години поради забележаната перзистенција на вирусот во Европа“, се вели во соопштението на ЕФСА.

Се додава дека епидемијата оваа сезона зафати вкупно 37 европски земји, што е најголем географски опсег досега, а вирусот за прв пат го премина Атлантикот по миграциските патишта, предизвикувајќи сериозна епидемија на живина во неколку канадски провинции и американски држави.

Ројтерс истакнува дека кризата со птичји грип оваа сезона е најлошата забележана во Европа со вкупно 2.467 пријавени епидемии на живина и 47,7 милиони убиени птици.

ЕФСА препорача брзо спроведување на стратегии за намалување на ризикот и надзор за рано откривање на вирусот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна

M T

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

M T

СДСМ: Во време на криза училиштата не смеат да се затвораат, општините да ги редефинираат приоритетите

M T

Шолц: Германија е подготвена да преземе водечка воена улога во Европа

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T