14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија: Вежбаме нуклеарни напади

Русија соопшти дека нејзините сили вежбале симулирани нуклеарни ракетни напади во западната енклава Калининград, сместена меѓу Полска и Литванија долж балтичкиот брег.

Русија во средата вежбаше „симулирани електронски лансирања“ на мобилни балистички ракетни системи Искандер со нуклеарна способност, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руските сили вежбале единечни и повеќекратни напади врз цели кои имитираат ракетни фрлачи, аеродроми, заштитена инфраструктура, воена опрема и симулирани непријателски командни пунктови.

– По извршувањето на електронските лансирања, воениот персонал изврши маневар за промена на позицијата за да се избегне евентуален контранапад – додаваат од Министерството за одбрана.

„Борбените единици вежбаа и операции во услови на радијација и хемиска контаминација“, се вели во соопштението.

Се додава дека во вежбите учествувале повеќе од 100 војници, пренесуваат медиумите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T