14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европската комисија има намера да воведе санкции за патријархот Кирил

Европската комисија предложи замрзнување на имотот на патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква.

Патријархот е додаден на црната листа, која веќе вклучува стотици воени офицери и бизнисмени блиски до Кремљ, кои ЕУ ги обвинува дека ја поддржуваат војната во Украина.

Усвојувањето на санкцијата за патријархот Кирил, која би вклучувала замрзнување имот и забрана за патување, бара поддршка од членките на ЕУ.

Дипломатите на ЕУ ќе се состанат оваа недела за да разговараат за санкциите, дел од поширокиот пакет предложен од Европската комисија во среда, вклучувајќи ембарго на нафта и нови ограничувања за руските банки.

Првиот состанок на претставниците на ЕУ во средата заврши без договор, најмногу поради критиките на некои земји за забраната за увоз на руска нафта и други мерки поврзани со нафтата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

153 санкции за брзо возење

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Јапонија најави нови санкции против Северна Кореја: „Не можеме повеќе да толерираме провокации“

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

158 санкции за брзо возење

M T

452 санкции за брзо возење

M T