6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: НАТО всушност е во војна со Русија

Испораките на западно оружје во Украина значат дека НАТО е всушност вклучен во војна со Русија, а Москва го смета тоа оружје за легитимна цел, изјавил рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју емитувано во руските медиуми.

„Ова оружје ќе биде легитимна цел на руската воена акција во контекст на специјална операција“, изјави Лавров за државната телевизија во интервју објавено на веб-страницата на Министерството за надворешни работи. Магацините во западна Украина беа гаѓани неколку пати. Што друго? ” изјави Лавров. „НАТО, всушност, е вклучен во војна со Русија преку посредници и го вооружуваат тој посредник. Војната е војна“, изјавил Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи му порача на светот да не ги потценува значителните ризици од нуклеарниот конфликт.

Запрашан за важноста од избегнување на Третата светска војна и дали сегашната ситуација е споредлива со кубанската ракетна криза од 1962 година. Лаворв рече: „Ризиците сега се значителни“. Не сакам вештачки да ги зголемувам тие ризици. Многумина би го сакале тоа. Опасноста е сериозна, реална. И не смееме да ја потцениме“.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба рече дека ширењето страв од Русија е знак на слабост.

Русија ја загуби последната надеж да го одвлече вниманието на светот од поддршката на Украина, напиша Кулеба на Твитер по интервјуто на Лавров. „Тоа само значи дека Москва чувствува пораз“.

За време на посетата на Киев во неделата, американскиот државен секретар Антони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин ветија поголема воена помош за Украина.

Стејт департментот во понеделникот, повикувајќи се на вонредната состојба, одобри потенцијална продажба на муниција во вредност од 165 милиони долари на Украина.

Пентагон соопшти дека пакетот може да вклучува артилериска муниција за хаубици, тенкови и фрлачи на гранати.

Амбасадорот на Москва во Вашингтон им порача на САД да ги прекинат испораките, предупредувајќи дека западното оружје го поттикнува конфликтот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

Лавров: Западот мора да стане свесен за новата реалност

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T