11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган му се налути на Бајден

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска го критикуваше американскиот претседател Џозеф Бајден.

Причината е што Бајден повторно ја окарактеризира смртта на 1,5 милиони Ерменци од страна на силите на Отоманската империја како геноцид, велејќи дека изјавата на американскиот лидер е заснована на лаги и лажни информации.

Во телевизиско обраќање по состанокот на владата, Ердоган го предизвика Бајден да дознае за ерменската историја, инсистираше на тоа дека таквите изјави предизвикуваат непријателство меѓу турскиот и ерменскиот народ и тврдеше дека ерменскиот народ најмногу ќе настрада од тоа лицемерие.

Турција жестоко негира дека станува збор за геноцид, признавајќи дека многумина загинале во тоа време, но инсистира на тоа дека бројот на жртвите бил преувеличен, дека смртните случаи биле резултат на граѓански немири и дека биле убиени и отомански муслимани. Втора година по ред, Бајден масакрот на Ерменците во Отоманската империја за време на Првата светска војна го нарекува геноцид.

„ Османлиските власти уапсија ерменски интелектуалци и водачи на заедницата во Константинопол (Истанбул) на 24 април 1915 година. Ова го означи почетокот на ерменскиот геноцид, едно од најголемите масовни злосторства во 20 век“, рече американскиот претседател во изјава по повод на ерменскиот Ден на сеќавање.

Соопштението беше објавено по повод 107-годишнината, во спомен на 1,5 милиони Ерменци кои беа депортирани, масакрирани или однесени до смрт во кампањата за истребување.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Милановиќ: Кога Бајден ќе лета со комерцијален авион, тогаш и јас ќе летам

M T

Бајден: Војната во Украина ќе се одолговлекува

M T

Бајден: Никогаш нема да го заборавиме 11 септември

M T

Ердоган: Житариците од Украина одат во богатите, а не во сиромашните земји

M T

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

M T