20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ го пречека Ердоган: Воени почести, национална химна и црвен тепих

Српскиот претседател Александар Вучиќ го пречека турскиот претседател пред Палатата Србија, а потоа следеа низа средби.

Реџеп Таип Ердоган беше пречекан со највисоки државни и воени почести, со пукање на 10 почесни водови, црвен тепих, формирање на гардата на српските вооружени сили и интонирање на химните на двете земји.

По интонирањето на националните химни, командантот на гардискиот баталјон, потполковник Милош Митриќ, му поднел извештај на претседателот, а минувајќи покрај почесната гарда, Вучиќ и Ердоган меѓусебно ги запознале членовите на нивните делегации.

Ердоган синоќа пристигна во Белград, а на аеродромот го пречека и претседателот на Србија. Ердоган доаѓа во Србија во рамките на посетата на регионот, а пред Србија ја посети Босна и Херцеговина.

Според програмата на посетата, по церемонијата на пречекот ќе следи средба меѓу претседателот Вучиќ и Ердоган, а потоа и пленарна средба на делегациите на двете земји.

Потоа, во присуство на двајцата претседатели, ќе има церемонија на потпишување договор меѓу Србија и Турција, по што Вучиќ и Ердоган ќе и се обратат на јавноста. Потоа ќе се одржи српско-турскиот бизнис форум.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ: Ни претстои најтешкиот период, можеби дури и потежок од деведесеттите години

M T

Брнабиќ: Поголеми притисоци врз Вучиќ и Србија немало никогаш

M T

Путин му вети на Ердоган: Турција нема причина да се грижи

M T

Вучиќ му врачи орден на Орбан: „На големиот пријател на Србија“

M T

Вучиќ: Одговорната политика не може да почива на митови

M T

Ердоган: Житариците од Украина одат во богатите, а не во сиромашните земји

M T