13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозии во Молдавија – Нападнатa зградата на државната безбедност

Серија експлозии ја потресоа зградата на државната безбедност во Тираспол во Придњестровје, одметната проруска територија во Молдавија.

Неколку часа откако руското Министерство за одбрана денеска објави дека една од целите е „да се воспостави копнен контакт со Придњестровје“, руско ориентиран, отцепен регион на Молдавија на границата со Украина, молдавските власти известија за експлозии во Тираспол, главниот град на Придњестровје.

„ Во зградата на Министерството за државна безбедност во Тираспол се случија серија експлозии. Во близина има неколку амбулантни возила и гасовод“, се наведува во извештајот.

Претставници на Министерството за внатрешни работи напишаа на Телеграм дека непознати напаѓачи пукале во зградата од фрлачи на гранати.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Експлозии во фабрика за оружје во Бугарија, тројца загинати

M T

Пијани возачи во Молдавија за казна работат во мртовечница

M T

Најмалку три лица загинаа во експлозии во руски Белгород

M T

Украина и Молдавија со кандидатски статус, Макрон: Ова е порака до Русија

M T

Шолц: Ќе вложам максимални напори Украина и Молдавија да добијат кандидатски статус

M T

Институтот за војна: Русите бавно напредуваат, можеби ќе сакаат да ја вклучат и Молдавија во војната

M T