10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лондон: Нема непосредна опасност од ескалација во Украина

Министерот за вооружени сили на Велика Британија Џејмс Хипи изјави дека не мисли дека постои непосредна закана од ескалација на војната во Украина, нарекувајќи ја фалба последната изјава на Лавров за опасност од нуклеарен конфликт.

Лавров рече дека меѓународната заедница не треба да ја потценува значителната опасност од нуклеарен конфликт и нагласи дека фактот што НАТО и испорачува оружје на Украина во суштина значи дека западната алијанса индиректно војува со Русија.

Пошироката меѓународна заедница, а не НАТО, дава воена поддршка на Украина, рече Хипи, реагирајќи на последната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Донаторската заедница не е НАТО. Меѓу донаторите има голем број земји, да, многу од нив се членки на НАТО, но други се надвор од алијансата. Не е НАТО тој што обезбедува воена помош“, изјави Хипи за Скај њуз.

„Мислам дека во моментов нема непосредна закана од ескалација“, рече Хипи.

Тој исто така истакна дека она што Западот го прави во обид да ги поддржи своите сојузници во Украина е многу добро избалансирано со цел да се избегне директна конфронтација со Русија, наведува британската агенција.

Лавров, меѓу другото, посочи дека не би сакал овие ризици да бидат вештачки надуени во ситуација кога ризиците се многу значајни, но додаде дека има многу што ги сакаат.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Во повеќе региони во Украина прогласена опасност од воздушни напади, жителите бараат засолниште во скривниците

M T

Британски министер: Ќе ја поддржуваме Украина додека не победи во војната

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

СО SPORT LIFE до стан во Скопје!

M T