Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИССВЕТ

ЕУ: Возете помалку и работете од дома за да ја намалите зависноста од руската нафта и гас

ЕУ ги повикува луѓето да возат помалку, да користат помалку клима и да работат од дома најмалку три дена во неделата за да ја намалат нивната зависност од руската нафта и гас.

Од Европската комисија велат дека со мерките што ги разви Меѓународната агенција за енергетика, домаќинствата во просек ќе заштедат близу 500 евра годишно.

Доколку сите граѓани на ЕУ го следат планот од девет точки, наречен „Играјќи ја својата улога“, ќе се заштеди доволно нафта за да се наполнат 120 супер танкери и доволно природен гас за изградба на речиси 20 милиони домови, пренесуваат медиумите.

ЕУ и ИЕА порачуват: „Луѓето ширум Европа и помогнаа на Украина со донации или директна помош за бегалците, а многумина би сакале да направат повеќе. Повеќето домаќинства имаат и повисоки сметки за струја поради енергетската криза која беше влошена со војната. Намалувањето на употребата на енергија не е само актуелен начин за Европејците да ги намалат сметките, туку тие исто така ја поддржуваат Украина со намалување на нејзината потреба за руски гас и нафта, помагајќи да се намалат приливите што ги финансира.

Се повикуваат граѓаните да го исклучат греењето во зима и да користат помалку клима во лето, да ги прилагодат котлите, да ја намалат брзината на автопатите, со вклучена клима во автомобилот.

ЕУ ги повикува граѓаните поекономично да ги користат нивните автомобили, во недела во големите градови колата да ја остават дома, да одат на кратки патувања пеш или со велосипед, да користат јавен превоз, да користат воз наместо да летаат со авион.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T