20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСИЗБОР

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија е домаќин на 37 состанок на Регионалниот Координативен Комитет на Југо и Југо – источна регионална иницијатива за природен гас („ 37th Regional Coordination Committee Meeting на GAS REGIONAL INITIATIVE – SOUTH SOUTH-EAST “).

Претставници од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори – АЦЕР, Енергетската Заедница и регулаторни тела меѓу кои експерти за регулативата во секторот за природен гас од Хрватска, Италија, Словенија, Албанија, Грција дискутираа за мерките кои земјите ги преземаат во пресрет на зимата и ги презентираа плановите во однос на снабдувањето со гасот.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на учесниците им посака добредојде и потенцираше дека е чест што РКЕ е домаќини на состанок каде релевантни чинители разговараат за предизвиците и плановите со кои се соочува цела Европа во однос на обезбедувањето на енергенси – природен гас.

„Пред нас се бројни предизвици, национални и регионални кога станува збор за приклучувањето кон глобалната енергетска транзиција, инвестирање во нови технологии во обновливи извори, како и гасификација, кои за нас се неизбежни инвестициски процеси и кои ќе донесат бенефит на долг рок. Еден релевантен проект, кој е од голема важност е интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција како клучен енергетски инфраструктурен објект со кој ќе се обезбедува повисока конкурентност во снабдувањето со природен гас. Северна Македонија и регионот се зависни од гасот што го снабдува од Гаспром и тие причини треба да се размислува на диверзификација. Интерконекторот за гас помеѓу Грција и Северна Македонија ќе го диверзифицира снабдувањето со енергија за Северна Македонија и регионот и истиот ќе претставува добар напор за соработка.“ истакна Марко Бислимоски, во воведното обраќање.

Состанокот за Гасната регионална иницијатива се реализира благодарение на соработката со АЦЕР и Секретаријатот на Енергетската заедница, а нејзината интенција е интеграција на пазарите, обезбедување исти услови за пристап и правила на пазарот на гас во регионот, како и воспоставување на добро функционален, конкурентен, ликвиден и транспарентен пазар на гас.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

M T

Премиерот Ковачевски ќе говори на состанок по повод 30 години од Декларацијата за правата на малцинствата

M T

Русија ќе ги намали испораките на гас за Европа за една третина

M T

Јапонија тројно го зголеми увозот на руски гас

M T

Грковска на работен состанок во ДКСК: Меѓусебната соработка и комуникација е клучна во процесот на градење на одговорни и отчетни институции

M T

„Голдман Сакс“: Цените на гасот во Европа оваа зима веројатно ќе се преполоват

M T