17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Поранешен советник на руската влада: Путин е депресивен и болен

Видеото на кое Владимир Путин цврсто се држи за масата за време на средбата предизвика шпекулации за здравјето на рускиот лидер.

Шефот на Кремљ е прикажан на видеото како разговара со Сергеј Шојгу, рускиот министер за одбрана, за ситуацијата во Мариупол. Шојгу го информира Путин дека Мариупол паднал, а Путин му честита за тоа, пишуваат медиумите во регионот.

Според овие написи, ставот на Путин покренал прашања за неговата здравствена состојба, за која некои набљудувачи велат дека нагло се влошила по почетокот на војната на 24 февруари. Рускиот претседател за време на средбата бил стуткан на столче и не сакал да го пушти аголот од масата што цврсто го држел со десната рака.

Шојгу, за кој некои сугерираат дека не се појавил во јавноста поради лошото здравје или несогласување со Путин за војната во Украина, го прочитал своето кратко обраќање до Путин на хартија, пренесуваат медиумите.

Тие пишуваат дека Путин е редовно придружуван од неврохирург, па дури и неколку лекари. Анализираат дека Путин во 2020 година се сретнал со раководителот на Националниот медицински истражувачки центар за ендокринологија Иван Дедов, шефот на најстарата ќерка на Путин, Марија Воронцова.

Кремљ претходно ги негираше тврдењата дека Путин боледува од рак, а истото го направи и сега. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за рускиот медиум „Правда“ изјавил дека не се точни приказните за ракот на тироидната жлезда на Путин, како и информациите дека рускиот претседател бил опериран. Песков таквите тврдења ги нарекол „фикција и лаги“.

Можеби ќе ве интересира

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T

Путин повика да се посвети посебно внимание на безбедноста на децата од новите региони

M T

Путин: Имаме рекордна жетва, Западот е виновен за кризата со храна

M T

Британско Министерство за одбрана : Путин за неколку дена ќе објави анексија на окупираните делови на Украина

M T