3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

СЗО: Бројот на смртни случаи од Ковид за една недела е поголем за 43 отсто

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот во текот на изминатата недела е за 14 отсто помал во однос на претходната недела, а бројот на починати е зголемен за 43 отсто, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Во соопштението се вели дека повеќе од 10 милиони луѓе биле заразени со корона вирусот минатата недела, додека повеќе од 45.000 пациенти починале.

СЗО објаснува дека поголемиот пораст на бројот на смртни случаи се должи на промената на дефиницијата за смрт од ковид-19 во Чиле и САД и променетите извештаи од Индија и регионот на Југоисточна Азија.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата на корона вирусот е потврден кај речиси 482 милиони луѓе, додека повеќе од шест милиони починале.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

89 нови лабораториски случаи Ковид 19

M T

Мобилна апликација може да детектира Ковид-19 според анализа на гласот

M T

Откриен нов тест за мерење на антитела на Ковид, дознајте СЕ дома

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T

Поради заразено шестгодишно дете Кинезите ја затворија „Икеа“ со се купувачите

M T

Речиси еден милион луѓе во локдаун во Вухан поради четири случаи на ковид

M T