Апликација за мобилни телефони може со висока прецизност да детектира заразеност со Ковид-19 преку анализа на гласот, тврдат научниците.
Се работи за модел на вештачка интелигенција со 89 отсто точност. Како што се појаснува, цената не е висока, па може да се користи и во земји со ниски приходи, каде ПЦР-тестовите се скапи.
Резултатите се добиваат за помалку од една минута.
Технологијата е развиена врз основа на податоци од апликацијата „Ковид-19 саундс“ на Универзитетот „Кембриџ“.
Вклучени се 893 аудиоснимки на 4.352 здрави и болни лица. Тие дале податоци за својата историја на болести, навеле дали се пушачи, а потоа ги снимале своите респираторни звуци, како кашлање, и читале кратки реченици.
Спонзорирано: