14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинска армија: Битката за Киев ќе биде клучна, Русите се движат кон освојување

Генералштабот на украинските вооружени сили утринава соопшти дека руските сили се подготвуваат да го нападнат Киев обидувајќи се да ја преземат целосната контрола врз градовите Ирпин и Буча, недалеку од Киев, и со приближување до главниот град преку источните предградија.

Во билтенот објавен во раните утрински часови, Генералштабот соопшти дека руските сили, исто така, се обидуваат да стекнат тактичка предност за да стигнат до источните предградија на Киев преку областите Броварски и Бориспол.

„Гголемо количество руска воена опрема и руски сили се концентрирани на приодите кон Киев“, изјави советникот на Министерството за внатрешни работи Вадим Денисенко на украинската телевизија, според украинскиот весник Правда.

„Битката за Киев е клучната битка што ќе се води во наредните денови“.

Руската армија денеска ја продолжи својата општа офанзива врз Украина, бомбардирајќи го Харков и обидувајќи се да го опколи главниот град Киев, каде во зори се огласија воздушните сирени, објавија агенциите.

Харков во североисточна Украина беше силно бомбардиран од воздух, напади особено насочени кон локалниот универзитетски спортски комплекс и цивилна зграда.

„Непријателот ја продолжува офанзивната операција против Украина, фокусирајќи се на опсадата на Киев, Харков, Чернихив (север), Суми (североисток) и Миколаев (југ)“, се вели во украинското соопштение.

Сирените предупредувајќи за бомбардирањето се огласија во мугрите во Киев, Чернихив, Миколаев и Виница (200 километри југозападно од Киев), објавија украинските медиуми.

Во главниот град, армијата беше подготвена да го уништи последниот мост што го поврзуваше градот со внатрешноста на запад, за да го запре напредувањето на руските тенкови.

Руската армија ја продолжи и опсадата на стратешкото пристаниште Мариупол, на Азовското Море на југоистокот на земјата, каде во неделата не успеа вториот обид за хуманитарна евакуација. Русите и Украинците меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно предупреди дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса, стратешкото пристаниште на Црното Море.

Покрај тоа, во Луганск, кој е под контрола на руските сепаратисти во источна Украина, силна експлозија во понеделникот предизвика пожар во складиште за нафта, објави руската новинска агенција Интерфакс, обвинувајќи ја украинската страна.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Британското разузнавање: Кина ги мами нашите поранешни пилоти во својата армија, нуди големи пари

M T

Граѓаните на Киев се нескршливи – по руските напади се собраа во метро станиците и пееја

M T

Киев најавува казни до 15 години затвор за земање руски пасош

M T

Претседателката на Европската комисија пристигна во Киев

M T

Петровска-Брнз: Соработката помеѓу САД и Северна Македонија на највисоко ниво, заеднички го менуваме ликот на Армијата

M T