8. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Петровска-Брнз: Соработката помеѓу САД и Северна Македонија на највисоко ниво, заеднички го менуваме ликот на Армијата

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз денеска на армискиот полигон „Криволак“ присуствуваа на вежба на припадниците на Армијата, која ги вклучуваше новите оклопни возила JLTV Oshkosh и армиските хеликоптери.

„’Криволак’ е најдобриот пример за ефикасноста на нашата заедничка соработка. Кога имаме јасни цели и кога сме посветени на развојот, и нашите пријатели и стратешки партнери се секогаш тука да ни помогнат“, рече министерката по показната вежба. Додаде дека токму на ‘Криволак’, припадници на македонската Армија и вооружените сили на САД тренираат не едни покрај други, туку едни со други, учејќи нови вештини и нови способности и заеднички развивајќи ја интероперабилноста која е круцијална за безбедноста и стабилноста на двете земји и на евроатлантската област.

Во однос на одбранбената соработка на двете земји, Петровска го истакна развојот на полигонот каде заеднички беше подобрена инфраструктурата, а беа изградени и нови вежбовни содржини, додека истовремено над 1.000 армиски припадници завршија голем број на обуки и високи школи во САД. Заедно, рече министерката, го реализираме и процесот на модернизација, најголем во овој обем досега.

„Со набавката на новите оклопни возила, JLTV Oshkosh и Stryker, заеднички го менуваме ликот на Армијата и заеднички креираме Армија која е и ќе продолжи да биде вистинска вредност за колективната одбрана, нешто што во овие несигурни времиња е столб за нашата безбедност и сигурност“, подвлече министерката.

По повод завршувањето на мандатот на амбасадорката Брнз, министерката изрази благодарност за нејзината визија, посветеност и отвореност секогаш да одиме чекор понапред во развојот на соработката која се основа на нашите споделени вредности и принципи и на меѓусебната почит и доверба.

По показната вежба, Петровска на Брнз и врачи македонско знаме и плакета, во името на одличната соработка помеѓу Северна Македонија и САД која е особено интензивна во периодот кога Брнз е амбасадорка на САД во нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка и координација за ефикасна и ефективна примена на законот за рестриктивни мерки

M T

Маричиќ од Белград: Нови проекти и Меморандум за соработка со Србија

M T

Талески: Усвоен Законот за служба во Армијата, подобри услови за работа и пензионирање на војниците

M T

СДСМ: Мицкоски ја потврди длабоката соработка со Апасиев во анти ЕУ коалиција

M T

Грковска – Улман: Соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија дава резултати, целта е преку заедничките проекти да овозможиме системски промени

M T

Тренчевска: Соработката со граѓанските и меѓународните организации е клучна во создавањето на хуманитарен одговор во кризните состојби

M T