7. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИСИЗБОР

Владата најави нови мерки за зачувување на животниот стандард на граѓаните

Владата соопшти дека во наредните неколку дена ќе информира за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите.

„ Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања кои се прелеваат и кај нас. Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на состојбата кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија“ се вели во владиното соопштение.

Дополнително, Владата синоќа информираше и дека, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата. Со оваа владина одлука се прави измена на Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.

„ Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства. Мерките кои ќе бидат донесени и во следниот период се за зачувување на стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за историскиот раст на пензиите. Владата со системски решенија се грижи за животниот стандард, особено за оние најранливите, како врвен приоритет“ додаваат од Владата.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Со 250 милиони евра од само пет проекти, Владата ги поддржува општините

M T

Ковачевски: Владата ќе се погрижи, како и од првиот ден граѓаните да имаат парно оваа зима

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

Грковска: Владата презема значајни чекори за отворање на институциите, транспарентноста е важен предуслов за развој и добро владеење

M T

СДСМ: Се грижиме за земјоделците 30% повисоки откупни цени на грозјето оваа година

M T

Ангеловска-Бежоска ‒ Милер: Мерките на Народната банка се наменети за задржување на макроекономската стабилност

M T