17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Најмалку смртни случаи од Ковид во Русија од 18 октомври

Бројот на починати од Ковид во Русија за еден ден е најмал од 18 октомври, откако Кризниот штаб денеска соопшти дека во претходните 24 часа починале 998 лица.

Официјалниот број на починати од коронавирус во Русија од почетокот на пандемијата е 302.269, а стапката на смртност е 2,92 отсто.

Бројот на нови случаи на дневна основа е зголемен за 24.703, со што бројот на заразени со вирусот од почетокот на пандемијата е 10.343.353.

Овој број на заболени, кој е под 25.000, е најмал од 1 октомври.

Можеби ќе ве интересира

Киев: Русиja најде начини и методи за борба, Украина малку се опушти

M T

Зеленски: Русија не ни може ништо на боиштето затоа продолжува со теророт

M T

Чешка пак им порача на своите граѓани да ја напуштат Русија

M T

Јапонија бара извинување од Русија: Потегот на Москва е неприфатлив

M T

Зеленски: Целта на Украина е непроменета и покрај најавите од Русија

M T

Путин до Западот: Нема да дочекате распад на Русија

M T