Centar.mk
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Бачовски: Исплатени 204 милиони денари субвенции за земјоделство за повеќе мерки

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на над 10 илјади земјоделци, исплати над 204 милиони денари за субвенции по повеќе мерки.

Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека се исплатени средства на сите кои аплицирале и исполниле услови за добивање на финансиска поддршка, за органско производство, за зголемен број на грла во основните стада, за задржано женско јаре и јагне, а исплатена е и дополнителната поддршка од 20% за регистрирани земјоделци.

„На вкупно 778 лица кои произведуваат органски производи исплатени им се 113 милиони денари. На сметките на 1,793 субјекти кои аплицираат како индивидуални земјоделци, исплатени им се 52 милиони денари.На 7.674 фармери кои ги зголемиле стадата исплатени им се близу 39 милиони денари. Над 1,4 милиони денари се исплатени за сите кои задржале женско јагне а 156 илјади денари се исплатени за сите кои имаат задржано женско јаре а такви се 32 фармери.“ – информира Бачовски

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и во наредниот период продолжува со неселективната исплата на средства за субвенции. Во еден ден, без селекција се исплаќаат средствата за земјоделски субвенции.

Можеби ќе ве интересира

Туристичката комора на ССКМ иницира одложување на примената на EES системот на грчките граници за македонски државјани за време на летната сезона

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК

Второ место за Реплек на HR Days во Ровињ: „РЕсет“ меѓу водечките регионални HR практики

ДЕСК