6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

ЕУ нарачува повеќе од 180 милиони дози oд вакцината „Фајзер“ адаптирана на Омикрон

Европската Унија нарача повеќе од 180 милиони дози од вакцината „Бионтек/Фајзер“, прилагодена за варијантата Омикрон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Говорејќи пред новинарите по Европскиот совет, Фон дер Лајен рече дека лидерите на ЕУ активирале клаузули во договорите потпишани со производителите на вакцини што им дозволуваат да побараат развој на адаптирана вакцина во рок од 100 дена. Таа додаде дека регулаторот за лекови на ЕУ работи на евалуација на адаптираната вакцина. Таа, исто така, истакна дека Европа сега може да произведува 300 милиони дози вакцина секој месец.

„Со повеќе од милијарда дози испратени во остатокот од светот, ЕУ е најголемиот извозник на вакцини против Ковид-19“, изјави Фон дер Лајен.

Таа, исто така, побара од земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат кампањите за вакцинација по појавата на Омикрон.

Фон дер Лајен, исто така, ја појасни валидноста на сертификатите за Ковид кои се користат за патување, кои неодамна беа предмет на дискусии во ЕУ. Повторувајќи дека е препорачливо да се земе бустер вакцина шест месеци по целосната вакцинација, таа рече дека сертификатите ќе важат уште три месеци додека не се даде бустер вакцината.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

Фон дер Лајен: ЕУ е нецелосна без Западен Балкан, Украина и Молдавија

M T