3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
Uncategorized

Човечка грешка довела до присуство на метални честички во вакцината на „Модерна“, покажала истрагата

Јапонската фармацевтска компанија „Такеда“ објави дека човечка грешка довела до присуство на метални честички во вакцината против Ковид-19 на „Модерна“.

Во извештајот на компанијата се наведува дека шпанскиот производител на вакцини открил загадувачи во некои шишиња во јули.

Во август, јапонските власти ја суспендираа употребата на три серии на вакцини на „Модерна“, кои содржат 1,63 милиони дози, откако беа известени за контаминација.

„Модерна“ ја спроведе истрагата во партнерство со „Такеда“ и шпанскиот производител „Рови“, кој управува со фабриката каде што се случи загадувањето.

Во новиот извештај на компанијата се наведува дека проблемот настанал од „неправилно склопување и дека е предизвикан од човечка грешка, што е специфично за визуелно неточна проценка на потребното растојание од 1 милиметар помеѓу производот и машината што става капаци на шишињата со вакцини“.

Истражени се вкупно пет последователни серии на вакцината на „Модерна“, произведена во „Рови“ помеѓу 27 јуни и 3 јули.

Првите три серии биле испорачани во Јапонија, а потоа повлечени назад, по откривањето на честички за кои се покажа дека се направени од нерѓосувачки челик во 39 шишиња.

Четвртата серија вакцини не ја помина инспекцијата по откривањето на честичките на 2 јули, додека петтата ја чуваше компанијата „Рови“.

Проблемите со серијата беа пријавени кај „Модерна“, „Такеда“ и Јапонското Министерство за здравство, но во тоа време првите три серии веќе беа пуштени во употреба, бидејќи тие „ја поминаа проверката и не се сметаа за неисправни“.

Во извештајот, исто така, се наведува дека подобрувањето на работната процедура и користењето на нова прецизна алатка ќе помогне да се спречи проблемот да се повтори.

Компаниите и јапонското Министерство за здравство објавија дека честичките од нерѓосувачки челик не претставуваат дополнителен ризик по здравјето.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T

Експерти: Северна Кореја без вакцина против коронавирус е на работ на катастрофа

M T

ЕМА го замрзна процесот на тестирање на руската вакцина Спутник

M T

Шефот на Фајзер: Омикронскиот бран е последниот во кој ќе имаме такви ограничувања

M T