14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност

„Почетокот на академската година е подеднакво важен како за новата генерација студенти на Факултетот за безбедност, за генерациите што веќе тој процес го започнале, но и за самиот наставничко-образовен кадар, како неспорна потврда на образовно-воспитниот континуитет на оваа реномирана образовна институција, која што во годините зад нас макотрпно и системски го градеше и потврдуваше своето реноме како кредибилен, и исклучително квалитетен стручно-научен сегмент, прв кај нас во областа на безбедноста, како интердисциплинарно подрачје на образованието“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето пред студентите на првиот циклус студии и професорите од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ на првиот академски час во новата учебна 2021/22 година.

Според министерот Спасовски, симболиката на првиот академски час има суштествено значење не само на личносно ниво, за студентите што започнуваат нов и посложен образовен пат, туку и на колективно, односно општествено рамниште – затоа што таа професионална профилација треба да го најде своето место во општеството, како контрибутивен фактор во неговиот севкупен развој, што претставува причина за настојувањата за што поголем квалитет во образовниот процес, со цел поголема институционална функционалност, ефикасност и одговорност на системот, добробит и просперитет на општеството и поединецот во него.

„Би сакал да потенцирам дека Министерството за внатрешни работи, како институција што речиси целосно, законски го покрива сегментот на безбедноста во своето секојдневно функционирање, е ваш партнер, секогаш отворено за широка соработка, како во поглед на имплементација на современи научни сознанија и искуства од оваа област, така и во поглед на практичното ангажирање млади образувани кадри за потребите на институцијата. Нашите амбиции, преку оранизационо и структурно реформирање на министерството, да наметнеме еден поинаков концепт на интегрирање, конкретно и практично, на оние најдобри млади кадри во системот на работа на Министерството за внатрешни работи, се крајно сериозни“, подвлече Спасовски, упатувајќи честитки за почетокот на новата академска година и посакувајќи им на студентите да ги остварат своите амбиции и желби во развојот на нивниот професионален живот и кариера.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T