14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Забранет влез за невакцинираните во Индонезија, правилото важи и за жителите и за странците

Индонезиските власти бараат странските посетители да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19 за да влезат во таа земја во обид да се запре ширењето на коронавирусот, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Шефот на индонезиската работна група за спречување ширење на Ковид-19, Ганип Варсито, во неделата изјави дека заклучно со 6 јули и странците и индонезиските државјани што влегуваат во земјата мора да покажат дигитален или физички доказ дека се целосно вакцинирани.

Обврската за покажување сертификати за вакцини може да се занемари во некои случаи, на пример, со дипломатски и службени визи и за време на официјални посети на министерско ниво.

Индонезиската влада исто така го продолжи периодот на карантин за странски патници од пет на осум дена.

Во последните 24 часа Индонезија регистрира 27.233 нови случаи на коронавирус и 555 починати. Ова значи дека од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени во таа земја достигна 2.284.084 случаи, а 60.582 лица починале.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T