18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТОП ВЕСТИ

Десет факти за делта сојот, кои не ги знаевме

Делта сојот од коронавирус пристигна во регионот, иако бројот на заразени со овој опасен тип на вирусот е многу мал, според експертите, прашање на време е кога ќе се прошири со голема брзина, со оглед дека се работи за многу заразна варијанта на ковид19.

Иако вакцинацијата го намали бројот на инфекции претежно во богатите земји, растот на заразени со делта сојот предизвика страв од нови бранови на коронавирус, кои веќе убија скоро четири милиони луѓе ширум светот.

Европските научници проценуваат дека делтата е позаразна од 40 до 60 проценти од алфа варијантата (Б.1.1.7), која за прв пат беше откриена во Велика Британија, и која сама по себе беше позаразна од оригиналниот вирус, кој првпат беше откриен во крајот на 2019. години.

Експертите открија десет факти за делта сојот, кои не ги знаевме:

– Првпат се појави во Индија во октомври 2020 година и оттогаш се прошири во повеќе од 80 земји.
– Со симптоми наликува на грип.
– Кашлицата е поретка, а губење на мирис не се забележува во првите десет симптоми.
– Пациентите генерално имаат главоболка, течење на носот и треска.
– Овој вид е заразен за 60 проценти од претходната варијанта.
– Најмногу се заразуваат младите.
– Стапката на смртност е сè уште мала, но смртта обично се јавува неколку недели по инфекцијата.
– Постарите луѓе умираат во многу поголем процент од другите видови.
– Смртноста е највисока во Велика Британија.
– Вирусот Делта е поврзан со 64 проценти зголемена преносливост во домаќинствата во споредба со јужноафриканската варијанта.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T