Centar.mk
СВЕТ

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Со цел да се зголеми подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени задачи, Генералштабот започна со подготовки за одржување вежби со ракетните формации на Јужниот воен округ“, се наведува во соопштението.

Како што се посочува, маневрите ќе се одржат во блиска иднина и ќе ги опфатат и авијацијата и морнарицата.

„Целта на вежбата е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје за одговор и обезбедување на територијалниот интегритет и суверенитет на државата“, наведуваат од Министерството.

Тие додаваат и дека тоа е „одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни функционери“ против Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Германскиот министер по најавата за повлекување на американски трупи: Тоа беше очекувано

C +

Трамп: По Иран ќе испратиме носач пред Куба, ќе се предадат

C +

Трамп повлекува 5.000 американски војници од Германија

C +