Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Никогаш не се откажавме од основните постулати на социјалдемократијата – слободата, еднаквоста и грижата за секој

На вечерашниот централен митинг во Струмица, д-р Венко Филипче како носител на листата на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во ИЕ 4, пред присутните граѓани порача дека и покрај сите предизвици, но и грешки кои ги направи партијата, СДСМ остана доследна да обезбеди иднина за своите граѓани.

„Во многу работи успеавме, но и во некои потфрливме. Некаде го изодевме целиот пат, некаде стигнавме до пола. Но, вистината е дека наместо на ситни дневно политички поени, се фокусиравме на трајни политички решенија.“, истакна Филипче.

Пред големиот број симпатизери тој повтори дека СДСМ и покрај своите слабости и недостатоци додека беше на власт, успеа да остане доследна и на социјалдемократијата.

„Никогаш не се откажавме од основните постулати на социјалдемократијата, мирот, слободата, еднаквоста и грижата за секој“, рече Филипче.

Тој додаде и дека не било лесно да се донесат визионерски одлуки со кои се решаваат проблемите за овие и за многу следни генерации и потенцираше дека ова е суштинската разлика помеѓу она што го нуди СДСМ и она што го нуди ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние играме со отворени карти. Вие знаете каде сме, каде одиме и што сакаме да постигнеме. Нема скриени агенди, нема завиени и лажни одговори“, рече Филипче на вчерашниот централен митинг во Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Одржани серија работилници за изработка на Националниот инвентар на јавни згради, „скенирани“ 2000 јавни објекти

ДЕСК

СДСМ: До кога граѓаните ќе чекаат Мицкоски и Филков да пратат документи за екстрадиција на Груевски?

ДЕСК

Жените извршуваат над 76% од неплатената работа на грижа – Конференцијата за трансформација на грижата отвора национален дијалог за системите за грижа во Северна Македонија

ДЕСК