9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Картичка вредна 150 евра за младите кои ќе се вакцинираат, најавија грчките власти

Младите во Грција кои се вакцинирани против коронавирус наскоро ќе добијат не само заштита од Ковид-19, туку и платежна картичка вредна 150 евра, бидејќи државата сака да привлече што повеќе луѓе за вакцинација, пишуваат медиумите во таа земја.

Премиерот Киријакос Мицотакис во понеделникот објави оглас што ќе важи за околу 940.000 лица во земјата на возраст од 18 до 25 години.

За овој проект се издвоени до 141 милиони евра. Владата се надева дека 60 проценти од вкупно 11 милиони жители на Грција ќе бидат вакцинирани до крајот на јули.

Картичката со наведената сума се дава како благодарност до младите луѓе кои беа стрпливи и го избегнаа метежот за време на пандемијата, во обид да се запре пренесувањето на коронавирусот, пренесуваат регионалните медиуми.

Парите можат да се искористат за резервации во хотели, траект, билети, авионски билети, посети на музеи и концерти.

Мицотакис истакна дека покрај тоа што добиваат пари, луѓето треба да бидат свесни и за ризиците што ги носи коронавирусот.

„Можеби помладите мислат дека нема да се заразат со коронавирус или, ако го добијат, мислат дека нема да бидат многу болни“, рече тој. „Но, тие потоа се носители на вирусот и помагаат во ширењето“, изјави Мицотакис.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T