11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Британски епидемиолог: Потребни се итни мерки за да спречиме катастрофа

Британската влада мора да воведе построги правила за заклучување за да се избегне нов бран на смртни случаи како последица на новиот вид коронавирус, изјави денеска водечкиот британски епидемиолог и владин советник Ендјру Хејворд, откако Велика Британија во понеделникот објави рекордни 41.385 починати од Ковид-19.

„Влегуваме во многу опасна нова фаза на пандемијата и ќе ни требаат решителни и навремени национални активности за спречување на катастрофа во јануари и февруари“, рече Хејворд, професор по епидемиологија на Универзитетот во Лондон.

Хејворд, кој е член на советничкото тело на британската влада за респираторни заболувања, вели дека новиот вид на Ковида-19, кој полесно се шири меѓу луѓето, значи дека постојните мерки за заклучување во Англија веројатно нема да го забават ширењето на болеста, пренесе „Ројтерс“.

Тој исто така сугерира дека во ваква ситуација има смисла училиштата да бидат затворени на подолг период бидејќи бројот на пациенти продолжува да расте, додава „Индипендент“.

Хејворд зборуваше за Би-би-си во време кога британскиот премиер Борис Џонсон се подготвува да ги преиспита мерките за Англија и кога наводно повеќе милиони луѓе ќе се најдат во области каде што ќе се применува четвртиот степен на ограничувања, што сега важи за околу 40 проценти од населението.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

Германски климатолог предупредува: Времето истече, одиме кон катастрофа

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T