17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски: Кризната состојба ќе го олесни справувањето со пандемијата и ќе придонесе за поголема заштита на здравјето

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во емисијата „Студио 10“ на телевизија 24, зборуваше за значењето на воведената кризна состојба која ќе овозможи искористување на сите државни ресурси во справувањето со пандемијата, но дека тоа нема да значи рестриктивни мерки за граѓаните затоа што таквите мерки ги изрекува владата по предлог на лекарската комисија за заразни болести.

„Исто како што имаме пет години кризна состојба на границата за справување со мигрантската криза, така сега ќе имаме на целата територија. Одлуките кои што во иднина би значеле рестрикции за граѓаните не доаѓаат по автоматизам со кризаната состојба. Владата таквите одлуки ги носи врз препораките од Комисијата и општата ситуацијата со здравството. На пример, одлуките да нема групирање, да нема настани, да нема работа на одредени објекти, сето тоа се носи по предлог на лекарите, и тоа независно од кризната состојба. Комисијата ги деминзионира овие одлуки врз анализите за прогресот на болеста или намалување на болеста. Кризната состојба не значи дека ќе се смени животот на граѓаните, зборувам за животот во рамките на пандемијата, туку да можеме да ги искростиме ресурсите и капацитетите на сите институции кои можат да помогнат, а крајната цел е да му помогнеме на здравствениот систем полесно да се справува со вирусот.“- објасни Спасовски.

Тој посочи дека Кризната состојба ќе овозможи ангажирање на Армијата, која ќе има логистичка улога на полицијата.

„Постои заедничко координативно тело во рамките на МВР, Министерството за одбрана и Армијата. Координатор на сите активности е Главниот штаб за управување со кризи. Овде станува збор за заштита на безбедноста, на јавниот ред и мир и затоа можеме да имаме мешани патроли, но работите од доменот на полицијата се обврска на полициските службеници. Армијата ќе се користи во оној обем за кој ќе се процени дека е потребна и ќе и се одредат активности за кои ќе се процени дека се неопходни.“- дополни Спасовски.

Тој потести на кризната состојба во Дебар на почетокот од пандемијата која дала резултати и најави дека денеска, кога е и негов прв работен ден во МВР по битката со Ковид 19, Управувачкиот Комитет ќе го разгледа Акцискиот план и ќе се подготви целата стратегија која институција каде ќе настапува и со какви активности.

Можеби ќе ве интересира

Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија

M T

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена заради зголемената појава на пожари

M T

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

M T

Видео: Оливер Спасовски најави многу новитети во МВР во 2021 година

CENTAR MKD

Спасовски: И Куманово е ослободено од македонските партизани, но мора да си простиме за да одиме напред

CENTAR MKD

Спасовски: Да се чуваме себе, така им помагаме на медицинските работници кои се борат за нашите животи

CENTAR MKD