Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата денеска во 08.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење од 30 дена поради состојбата со пожарите.

Ова го најави и премиерот Зоран Заев кој рече дека утрово во 08:30 часот ќе се одржи седница на Влада и ќе се одлучува по предлогот.

Од Центарот за управување со кризи претходно соопштија дека Управувачкиот комитет на седница го прифатил предлогот на Групата за процена и предлага на Владата да донесе одлука за постоење на кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов соопшти дека Групата за процена вчера попладне одржала седница на која поради зголемениот обем на пожарите, зголемениот ризик за граѓаните и неколку други причини, донела едногласна одлука да му предложи на Управувачкиот комитет да ѝ предложи на Владата да донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Македонија заради зголемена појава на пожари и спречување од нивно ширење во траење од 30 дена.

„Управувачкиот комитет на седница која ја одржа предмалку го прифати предлогот на Групата за процена и ѝ предлага на Владата на РС Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на територијата на РС Македонија во траење од 30 дена“, беше изјавено од страна на Ангелов.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА РАСТЕ – До 13 часот гласале 4.518 граѓани, ДИК со нови податоци

ДЕСК

Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

ДЕСК

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК