14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Аларматно: Во Босна и Херцеговина починаа 69 лица од ковид 19

Во БиХ, без областа Брчко, во последните 24 часа се пријавени 69 смртни случаи и 1.447 новоинфицирани со коронавирус.

Од таа бројка, само во Федерацијата БиХ починаа 32 пациенти и 1.004 новоинфицирани лица.

Тестирани се вкупно 5.470 примероци, само во ФБиХ 4.312.

Вкупно 235.348 примероци биле тестирани кај тој ентитет, а вирусот корона е потврден кај 42.072 лица.

Од денес, во Федерацијата БиХ се излекувани 23.019 пациенти, а во изминатите 24 часа, 293 од нив се опоравија.

Во моментов, активни се 18.009 случаи позитивни на САРС-CoV-2.

Заклучно со денес, вкупниот број на смртни случаи во Федерацијата БиХ е 1.044: 694 мажи и 350 жени.

Претходно беше објавено дека 443 новозаболени и 37 смртни случаи се потврдени во Република Српска.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T