20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Трошка надеж во борбата со коронавирусот: Иако бројот на новозаразени ширум Европа расте, бројот на починати се намалува

Иако Европа уште еднаш има голем проблем со пандемијата на коронавирусите, бројот на заразени расте, владите воведуваат нови блокади, економиите се затвораат – сè уште има трошка надеж, а тоа е дека иако вирусот е сè уште смртоносен, тој убива многу помалку од порано.

Најновите податоци на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) за инфекции и смртни случаи покажуваат дека, иако случаите на коронавирус се зголемуваат во Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија и други европски земји, смртноста не расте со иста стапка.

“Стапката на смртност падна. Во Велика Британија можеме да видиме како се спушта на најниската точка од јуни до август”, рече Џексон Оке, висок статистичар во одделот за здравствени науки во Нуфилд.

Оке ги следеше стапките на смртност од коронавирусит заедно со неговиот колега Карл Хенеган од Центарот за медицина и здравствениот економист Даниел Ховдон. Нивните истражувања покажуваат дека на крајот на јуни, стапката на смртност во Велика Британија беше нешто под три. До август, тој падна за околу 0,5 проценти, а сега изнесува околу 0,75 проценти.

Пониската стапка на смртност не е единствена само во Европа, тврди Си-Ен-Ен. Во Њујорк, стапката на смртност на хоспитализираните лица поради инфекција со коронавирус, исто така, се намали во споредба со претходниот период.

Според студијата на тим истражувачи од Медицинскиот факултет во Њујорк, низ Соединетите држави, процентот на заразени луѓе кои починале во април е 6,7, а 1,9 проценти од луѓето кои починале од коронавирус починале во септември.

Научниците веруваат дека најголемата причина за намалување на стапката на смртност кај заразените со коронавирус е тоа што вирусот првично најмногу ги напаѓал старите лица, а исто така наведуваат дека од јануари до јуни просечната старосна граница на заболени опаднала од 54 години на 39.

фото: илустрација/Pixabay

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T